Ова не е реченица позајмена од некој романтичен филм. Не е нешто што Одри Хепберн би го рекла во Breakfast at Tiffany’s, ниту е нешто што ќе го слушнете во секојдневен разговор.
Инспирирани од слоганот на Wall Street Journal- Money Talks. We Translate, ја креиравме оваа веб страна како почетна точка за сé што сте сакале да прашате за пензискиот систем во Македонија, а сте немале кого.
Зборуваме за структурата на пензискиот систем, МАПАС, пензиските друштва, пензиските фондови – задолжителни и доброволни, зелениот плик, инвестициските портфолија, читањето на индивидуалната сметка, и финансиски извештаи, а најновите вести ќе бидат поместени во Блогот.
Сепак, пензиите би можеле, но и би требало да ги направат деновите од третото доба многу романтични….тоа е доколку вложите малку труд за да ги разберете.
Се сеќаваме на Елизабет Тејлор во филмот Cat on a hot thin roof – ” You can be young without money, but you can’t be old without it.”
31% од извештаите на Светска Банка никогаш не се преземаат – ниту еднаш! Тоа се стотици истражувачки трудови, анализи на податоци и препораки за политики кои се непрочитани во дигиталните архиви. Истото се однесува и на долгите бизнис извештаи.
Но, зошто сèуште користиме застарен модел на претставување на податоците?
Целта на веб страната https://sakampenzija.mk е анксиозноста и стравот што го чувствувате како во хорор филм на Хичкок, предизвикан од морето на (неразбирливи) информации за пензиските фондови и преправање дека проблемот со финансиската едукација не постои, го замените со самоувереност прераснувајќи во некој кој владее со основните концепти за пензискиот систем и следствено на тоа, може да размислува со своја глава.
Во продолжение ќе се задржиме на основните поими поврзани со пензискиот систем во Македонија, како што се:
Структура на пензискиот систем
Пензиски друштва
Задолжителни пензиски фондови – Втор столб
Доброволни пензиски фондови – Трет столб
Читање на индивидуална сметка
Red pill or blue pill, Neo? – што одбирате да направите за својата иднина