Пензиски друштва
Пензиско друштво е акционерско друштво што се основа и работи во согласност со Законот за трговски друштва и Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Пензиско друштво се основа врз основа на дозвола од МАПАС и управува со пензиски фонд врз основа на одобрение за управување со пензиски фонд.
Во Македонија постојат три Друштва за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови:
и едно друштво за управување со доброволни пензиски фондови:
Во продолжение ќе ги разгледаме основните карактеристики на секое од пензиските друштва:
КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје е друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови:
Одговорност при носење на инвестиционите одлуки
Инвестициониот одбор е советодавно стручно тело избрано од Управниот одбор кое врз основа на движењата и состојбите на финансиските пазари и анализа на финансиските инструменти, дава предлози на Управниот одбор за инвестирање на средствата на пензиските фондови во одделни инструменти.
Одговорен за донесување и спроведување на одлуките за инвестирање на средствата на задолжителниот и доброволниот пензиски фонд е Управниот одбор на Друштвото.
Лицата вклучени во процесот на инвестирање на средствата на пензиските фондови при носење на инвестиционите одлуки ги земаат во предвид и советите и препораките дадени од Секторот за управување со ризици.
Приходите на Друштвото се состојат од: надоместок од средства т.е надоместок за управување со средствата (0,03% на месечно ниво) и надоместок од придонеси (за 2025 год. изнесува 1,70%).
Расходите на Друштвото се состојат од: трошоци за МАПАС, трошоци за чувар на имот, трошоци за вработените и трошоци за маркетинг.
Вкупна нето сеопфатна ДОБИВКА за 2025 изнесува МКД 254.656.496,00 или ЕУР 4.140.000,00.
Приходите на Друштвото се состојат од: надоместокот од средства т.е нивно управување (околу ЕУР 5.250.000,00) и надоместокот од придонеси (околу ЕУР 2.330.000,00) кои ги плаќаш од твоите месечни уплати.
Најголемите ставки на страната на Расходите на Друштвото се состојат од: плати за вработените (околу ЕУР 1.100.000,00), расходи за МАПАС (околу ЕУР 930.000,00), расходи за чувар на имот (околу ЕУР 315.000,00) и трошоци за маркетинг (околу ЕУР 232.000,00).
Добивката на Друштвото се зголемила околу ЕУР 480.000,00 во однос на минатата година, пред се поради зголемените приходи од надоместокот за средства и надоместокот за управување.
Сава пензиско друштво а.д. Скопје има единствена дејност на управување со:
и нивно претставување пред трети лица како и други дејности поврзани со управувањето со фондовите.
Одговорност при носење на инвестиционите одлуки
Одговорноста за инвестирање на средствата на пензиските фондови е на органите на управување и надзор на пензиското друштво.
Управниот одбор го формира Одборот за инвестиции како посебно консултативно тело за прашања поврзани со инвестирањето и ризиците од инвестирањето
на средствата на пензиските фондови. Одборот за инвестиции одржува редовни седници најмалку еднаш месечно.
Конкретните одлуки, поврзани со инвестирањето и управувањето со ризиците, ги донесува Управниот одбор на Друштвото.
Приходите на Друштвото се состојат од: надоместок од средства т.е надоместок за управување со средствата (0,03% на месечно ниво) и надоместок од придонеси (за 2025 год. изнесува 1,70%).
Расходите на Друштвото се состојат од: трошоци за МАПАС, трошоци за чувар на имот, трошоци за вработените и трошоци за маркетинг.
Вкупна нето сеопфатна ДОБИВКА за 2025 изнесува МКД 194.238.162,00 или ЕУР 3.150.000,00.
Приходите на Друштвото се состојат од: надоместокот од средства т.е нивно управување (околу ЕУР 4.710.000,00) и надоместокот од придонеси (околу ЕУР 2.130.000,00) кои ги плаќаш од твоите месечни уплати.
Најголемите ставки на страната на Расходите на Друштвото се состојат од: плати за вработените (околу ЕУР 1.400.000,00), расходи за МАПАС (околу ЕУР 850.000,00), расходи за чувар на имот (околу ЕУР 315.000,00) и трошоци за маркетинг (околу ЕУР 333.000,00).
Добивката на Друштвото се зголемила околу ЕУР 310.000,00 во однос на минатата година, пред се поради зголемените приходи од надоместокот за средства и надоместокот за управување.
Триглав пензиско друштво а.д. Скопје е друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови:
Одговорност при носење на инвестиционите одлуки
Инвестицискиот одбор се формира од страна на Управниот одбор на друштвото и претставува советодавно, стручно тело кое врз основа на движењата и состојбитена финансиските пазари и анализа на финансиските инструменти дава предлози на Управниот одбор за инвестирање на средствата на фондовите.
Управниот одбор е целосно одговорен за управувањето со пензиското друштво и пензиските фондови и за нивното застапување.
Приходите на Друштвото се состојат од: надоместок од средства т.е надоместок за управување со средствата (0,03% на месечно ниво) и надоместок од придонеси (за 2025 год. изнесува 1,70%).
Расходите на Друштвото се состојат од: трошоци за МАПАС, трошоци за чувар на имот, трошоци за вработените и трошоци за маркетинг.
Вкупна нето сеопфатна ЗАГУБА за 2025 изнесува МКД 457.807,00 или – ЕУР 7.444,00.
Приходите на Друштвото се состојат од: надоместокот од средства т.е нивно управување (околу ЕУР 588.000,00) и надоместокот од придонеси (околу ЕУР 858.000,00) кои ги плаќаш од твоите месечни уплати.
Најголемите ставки на страната на Расходите на Друштвото се состојат од: плати за вработените (околу ЕУР 570.000,00), расходи за МАПАС (околу ЕУР 237.000,00), расходи за чувар на имот (околу ЕУР 83.500,00), трошоци за агенти (околу ЕУР 210.000,00) и трошоци за услуги (ЕУР 200.000).
Загубата на Друштвото се намалила околу ЕУР 240.000,00 во однос на минатата година, пред се поради зголемените приходи од надоместокот за средства и надоместокот за управување.
ВФП пензиско друштво а.д. Скопје е друштво за управување со доброволниот пензиски фонд:
Одговорност при носење на инвестиционите одлуки
Инвестицискиот одбор е советодавен орган во Друштвото кој усвојува предлози за потенцијални инвестиции на портфолиото на Фондот и истите ги доставува на разгледување и одобрување до Управниот одбор на Друштвото, кој носи одлука за прифаќање или одбивање на доставените предлози.
Членовите на Управниот одбор управуваат со Друштвото и пензиските фондови и имаат најшироки овластувања во вршењето на сите активности во име на друштвото и фондот.
Приходите на Друштвото се состојат од: надоместок од средства т.е надоместок за управување со средствата (0,075% на месечно ниво) и надоместок од придонеси (за 2024 год. изнесува 2,90%) бидејќи управуваат само со доброволен фонд.
Расходите на Друштвото се состојат од: трошоци за МАПАС, трошоци за чувар на имот, трошоци за вработените и трошоци за маркетинг.
Вкупна нето сеопфатна ЗАГУБА за 2025 изнесува МКД 8.515.291,00 или – ЕУР 138.500,00.
Приходите на Друштвото се состојат од: надоместокот од средства т.е нивно управување (околу ЕУР 31.200,00) и надоместокот од придонеси (околу ЕУР 15.700,00) кои ги плаќаш од твоите месечни уплати.
Најголемите ставки на страната на Расходите на Друштвото се состојат од: плати за вработените (околу ЕУР 100.000,00), расходи за МАПАС (околу ЕУР 4.100,00), расходи за чувар на имот (околу ЕУР 1.600,00), трошоци за агенти (околу ЕУР 6.900,00) и трошоци за услуги (ЕУР 43.000).
Загубата на Друштвото останува на исто ниво во однос на 2024, што е веројатно за очекување со оглед на тоа што постои 2,5 години. Со евентуален пораст на членовите, би се зголемиле приходите од надоместоците што ги плаќаат членовите.
I have joy in my heart and a coffee in my hand.
Coincidence?
Ако содржината на веб странава ви помогна да разберете што работат пензиските друштва и ако се чувствувате особено дарежливи денес, би можеле: