Sakam Penzija

Доброволни пензиски фондови - Трет столб

Доброволните пензиски фондови се формирани со цел на граѓаните да им се овозможи да ја надополнат пензијата од Првиот и Вториот пензиски столб и да си осигураат дополнителни примања за старост.

Работниот однос не е предуслов за членување, па затоа членови можат да бидат и лица кои се невработени, вработени на проекти или во странски мисии, фриленсери, долгорочно невработени лица, лица кои немаат приходи по ниедна основа, лица за кои ќе биде уплатуван дополнителен пензиски придонес – брачни другари, членови на семејството и слично.

Средствата од доброволен пензиски фонд можат да се повлечат најрано на возраст од 52 години за жени, односно 54 години за мажи.

Како да станам член?

Член на доброволен пензиски фонд може да биде секое лице кое навршило 15 години, но не повеќе од 70 години, со потпишување на договор за членство во доброволен пензиски фонд.

Членот може да уплаќа:

  • Доброволен придонес сам за себе,
  • Во негово име и за негова сметка да уплаќа доброволен придонес трето лице (т.н. уплаќач), или
  • За него да плаќа осигурител односно финансиер на професионална пензиска шема.

Побарајте од вашите работодавачи додатно пензиско осигурување преку професионална пензиска шема.

GOOD 2 KNOW

Ако првиот и вториот столб (задолжителната пензија) се главното јадење, тогаш замислете си го третиот столб т.е доброволната пензија како десерт.

КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд

Број на членови

(31.12.2025)

18.297

Нето средства на фондот

(31.12.2025)

МКД 2.328.490.000

 

Годишен принос

Приносот се пресметува на годишна основа за претходните 84 месеци
(31.12.2018 – 31.12.2025)

Номинален

Номинален принос на КБ доброволен пензиски фонд за 2025

Реален

Вредноста на сметководствената единица на 31.12.2025 е 

245,749635

Инвестирање на средства

Портфолио на финансиски инструменти на фондот (најголеми позиции)

Најголемиот дел од средствата КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд ги има вложено во домашни обврзници издадени од нашето Министерство за финансии (59,87%). Значителен дел е вложен и во удели на странски инвестициски фондови (29,30%), а купени се и обврзници од странски издавачи во износ од 4,12% од вкупните средства. Останатите пари се вложени во удели во домаѓни инвестициски фондови (2,88%).

Сава пензија плус

Број на членови

(31.12.2025)

16.274

Нето средства на фондот

(31.12.2025)

МКД 2.425.040.000

 

Годишен принос

Приносот се пресметува на годишна основа за претходните 84 месеци
(31.12.2018 – 31.12.2025)

Номинален

Реален

Вредноста на сметководствената единица на 31.12.2025 е 

259,704656

Инвестирање на средства

Портфолио на финансиски инструменти на фондот (најголеми позиции)

Најголемиот дел од средствата Сава Пензија Плус ги има вложено во домашни обврзници издадени од нашето Министерство за финансии (59,57%). Значителен дел е вложен и во удели на странски инвестициски фондови (18,93%), а купени се и акции од домашни компании во износ од 6,63% и акции од странски компании 8,53% од вкупните средства. Останатите пари се вложени во домашни банки како депозити (3,38%).

Триглав отворен доброволен пензиски фонд

Број на членови

(31.12.2025)

551

Нето средства на фондот

(31.12.2025)

МКД 38.610.000

 

Годишен принос

Приносот се пресметува на годишна основа за претходните 72 месеци
(31.12.2019 – 31.12.2025)

Номинален

Номинален принос на Триглав доброволен пензиски фонд за 2025

Реален

Реален принос на Триглав доброволен пензиски фонд за 2025
По исклучок, доколку Фондот постои пократко од 84 месеци, но подолго од 12 месеци, приносот се пресметува на крајот на кварталот за период од првиот јуни односно декември по основањето на Фондот до крајот на кварталот кога се прави пресметката.
Фондот започна со работа на 28 март 2019 година.

Вредноста на сметководствената единица на 31.12.2025 е 

124,143948

Инвестирање на средства

Портфолио на финансиски инструменти на фондот (најголеми позиции)

Најголемиот дел од средствата Триглав отворен задолжителен пензиски фонд ги има вложено во домашни обврзници издадени од нашето Министерство за финансии (47,74%). Значителен дел е вложен и во удели на странски инвестициски фондови (24,67%). Останатите пари се вложени во домашни банки како депозити (8,52%) и побарувања (8,98%).

ВФП отворен доброволен пензиски фонд

Број на членови

(31.12.2025)

822

Нето средства на фондот

(31.12.2025)

МКД 263.830.000

 

Годишен принос

Приносот се пресметува на годишна основа за претходните 24 месеци
(31.12.2022 – 31.12.2025)

Номинален

Реален

По исклучок, доколку Фондот постои пократко од 84 месеци, но подолго од 12 месеци, приносот се пресметува на крајот на кварталот за период од првиот јуни односно декември по основањето на Фондот до крајот на кварталот кога се прави пресметката.
Фондот започна со работа на 27 јули 2022 година.

Вредноста на сметководствената единица на 31.12.2025 е 

128,777921

Инвестирање на средства

Портфолио на финансиски инструменти на фондот (најголеми позиции)

Најголемиот дел од средствата ВФП отворен задолжителен пензиски фонд ги има вложено во домашни обврзници издадени од нашето Министерство за финансии (44,88%). Значителен дел е вложен и во удели на странски инвестициски фондови (28,32%), а купени се и акции од домашни компании во износ од 9,27% од вкупните средства. Останатите пари се вложени во домашни банки како депозити (10,07%).

A poem for mornings

Coffee, coffee, coffee,

Coffee.

Coffee, coffee,

Everyone shut up.

COFFEE.

Ако содржината на веб странава ви помогна да го разберете третиот пензиски столб т.е доброволната пензија и  ако се чувствувате особено дарежливи денес, би можеле: