Sakam Penzija

Што ќе направиш во врска со твојата пензија т.е твојата иднина?

Сценарио 1

Си тераш по старо – Business as usual – бидејќи сé изгледа побитно од ова и имаш многу изговори да не се заинтересираш за твојата пензија.

Еве некои од нив:

Каква ќе ти биде иднината?

Се справуваш со финансискиот стрес најдобро што знаеш.

Златните години не ти изгледаат така златни и посакуваш да можеш да го вратиш времето кога заинтересираноста за твојата пензија и иднина ќе резултираше со подобри избори.

ИЛИ

Секогаш можеш да свртиш нова страница во животот

It’s always the right time to do the right thing and remember: what you are not changing, you are choosing.

Сценарио 2

На веб страната на МАПАС на landing page можеш да провериш електронски на кој пензиски фонд сте член или јави се на (02) 3 224 229

Можеш да се префрлиш во друг пензиски фонд доколку не си задоволен/а од работењето на тој во кој си член. Се што треба да направиш е да се јавиш на агент на пензиско друштво.

На веб страната на пензиските друштва креираш свој профил.

(КБ Прво пензиско друштво- Section Моја сметка; Сава Пензиско друштво- Section Лична сметка; Триглав Пензиско друштво- Section Моја сметка).

Со тоа добиваш ”на тацна”:
 
  • Детален извештај за пензиската заштеда
  • Преглед на твоите податоци и нивно ажурирање
  • Движење на вредноста на сметководствената единица
Од фирмата каде работиш добиваш известување за месечната бруто плата, која се состои од:
 
  • Нето плата– она што се исплаќа на твојата трансакциската сметка во банка
  • Придонеси– за здравствено и пензиско осигурување
Придонесите за пензиско осигурување изнесуваат 18,8% од бруто платата и се распределуваат:
 
  • 12,8% во првиот столб
  • 6% во вториот столб

Преку твојата индивидуална сметка можеш да ја следиш месечната уплата на средства од твојата бруто плата во твојот пензиски фонд од вториот столб.

Од месечната уплата од 6% од бруто платата во вториот пензиски столб, пензиското друштво наплаќа:

  • 1,8% провизија (1,70% за 2025 год.)
  • 0,03% месечно како провизија за управување со твоите пари

По наплатените провизии, она што останува се претвора во т.н сметководствени единици.

Како што е објаснето на страната Читање на индивидуалната сметка:

Уплатениот износ намален за провизиите се претвора во сметководствени единици со тоа што се дели со вредноста на сметководствената единица на тој ден.

Каква ќе ти биде иднината?

Златните години можат да бидат навистина златни, и сé што требаше да направиш е да бидеш поодговорен/а и поинформиран/а во врска со твојата пензија и твоите работнички права.

Сега можеш да се однесуваш како Данец во Македонија т.е да држиш лекции за ХИГЕ.

NOTHING makes sense before COFFEE.

Ако содржината на веб странава ви помогна во преземање акција во врска со Сценарио 2 и  ако се чувствувате особено дарежливи денес, би можеле: