Sakam Penzija

Задолжителни пензиски фондови - Втор столб

Задолжителните пензиски фондови го сочинуваат т.н втор столб на пензискиот систем.

За потсетување – во првиот столб се слеваат 12,8% од вашата бруто плата, додека во вториот столб се префрлаат 6% од вашата бруто плата, на вашата индивидуална сметка во задолжителниот пензиски фонд на кој сте член.

Право да се користат средствата од индивидуалната сметка во вториот столб се стекнува со остварување на право на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во општ случај тоа значи пензионирање на возраст од 62 години за жена, односно 64 години за маж, со остварен работен стаж од минимум 15 години. Членовите на Вториот столб ќе примаат пензија и од Фондот на ПИОСМ и од задолжителниот пензиски фонд на кој се член.

Постојат 3 задолжителни пензиски фондови:

Let's dive right in!

КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд

Број на членови

(31.12.2025)

 286.625

Нето средства на фондот

(31.12.2025)

МКД 90.928.515.000

(над 1,47 милијарди ЕУР или 8,6% од GDP на Македонија)

Годишен принос

Приносот се пресметува на годишна основа за претходните 84 месеци
(31.12.2018 – 31.12.2025)

Номинален

Номинален принос на КБ задолжителен пензиски фонд за 2025

Реален

Приносот за последните 12 месеци изнесува 5,21% во номинален износ, односно 1,06% во реален износ.

Приносот од основање на фондот до 31.12.2025 изнесува 5,71% во номинален износ, односно 2,48% во реален износ.

Инвестирање на средства

Портфолио на финансиски инструменти на фондот (најголеми позиции)

Инвестициско портфолио на КБ задолжителен пензиски фонд за 2025

Најголемиот дел од средствата КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд ги има вложено во домашни обврзници издадени од нашето Министерство за финансии (63,31%). Значителен дел е вложен и во удели на странски инвестициски фондови (29,67%), а купени се и акции од домашни компании во износ од 1,11% од вкупните средства. Останатите пари се вложени во обврзници од странски издавачи (0,83%).

Вредноста на сметководствената единица на 31.12.2025 е 

303,569101

Движење на вредноста на сметководствената единица од основање на фондот

Да пресметаме зголемување / намалување на сметководствената единица

S- сума
p (мало) – процент
P (големо) – зголемување/ намалување на сумата

Ова значи дека сметководствената единица во 2025 се зголемила за 5,21% во однос на 2024.

Можеш ли да пресметаш зголемување/ намалување за 2024 во однос на 2023?

Резултат: зголемување од 9,23%

GOOD 2 KNOW

Трите задолжителни пензиски фондови заклучно со 2025 година имаат на управување вкупно МКД 187.000.000.000 односно ЕУР 3,01 милјарди, што е околу 17,7% од GDP на Македонија.

Всушност, тоа се наши пари.

Сава пензиски фонд

Број на членови

(31.12.2025)

265.904

Нето средства на фондот

(31.12.2025)

МКД 80.739.060.000

(над 1,3 милијарди ЕУР или 7,6% од GDP на Македонија)

Годишен принос

Приносот се пресметува на годишна основа за претходните 84 месеци
(31.12.2018 – 31.12.2025)

Номинален

Хоминален принос на Сава задолжителен пензиски фонд за 2025

Реален

Приносот за последните 12 месеци изнесува 5,14% во номинален износ, односно 0,99% во реален износ.

Приносот од основање на фондот до 31.12.2025 изнесува 5,52% во номинален износ, односно 2,29% во реален износ.

Инвестирање на средства

Портфолио на финансиски инструменти на фондот (најголеми позиции)

Најголемиот дел од средствата Сава задолжителен пензиски фонд ги има вложено во домашни обврзници издадени од нашето Министерство за финансии (64,17%). Значителен дел е вложен и во удели на странски инвестициски фондови (20,04%) и акции од странски компании (7,83%). Останатите пари се вложени во акции на домашни компании (2,12%), обврзници издадени од странски издавачи (1,67%) и во домашни банки како депозити (2,02%).

Вредноста на сметководствената единица на 31.12.2025 е 

292,831861

Движење на вредноста на сметководствената единица од основање на фондот

Сметководствена единица на Сава задолжителен пензиски фонд

Да пресметаме зголемување / намалување на сметководствената единица

S- сума
p (мало) – процент
P (големо) – зголемување/ намалување на сумата

Ова значи дека сметководствената единица во 2025 се зголемила за 5,14% во однос на 2024.

Можеш ли да пресметаш зголемување/ намалување за 2024 во однос на 2023?

Резултат: зголемување од 9,23%

GOOD 2 KNOW

Трите задолжителни пензиски фондови најмногу вложуваат во државни обврзници издадени од државата Македонија (над 60% од вкупните средства) , и удели во странски фондови (20% – 30%).

Триглав отворен задолжителен пензиски фонд

Број на членови

(31.12.2025)

77.867

Нето средства на фондот

(31.12.2025)

МКД 16.676.950.000

(над ЕУР 270.000.000 или 1,58% од GDP на Македонија)

Годишен принос

Приносот се пресметува на годишна основа за претходните 78 месеци
(30.06.2019 – 31.12.2025)

Номинален

Реален

Реален принос на Триглав задолжителен пензиски фонд за 2025
По исклучок, доколку Фондот постои пократко од 84 месеци, но подолго од 12 месеци, приносот се пресметува на крајот на кварталот за период од првиот јуни односно декември по основањето на Фондот до крајот на кварталот кога се прави пресметката.Фондот започна со работа на 28 март 2019 година.

Приносот за последните 12 месеци изнесува 5,14% во номинален износ, односно 0,99% во реален износ.

Приносот од основање на фондот до 31.12.2025 изнесува 4,50% во номинален износ, односно -0,94% во реален износ.

Инвестирање на средства

Портфолио на финансиски инструменти на фондот (најголеми позиции)

Најголемиот дел од средствата Триглав отворен задолжителен пензиски фонд ги има вложено во домашни обврзници издадени од нашето Министерство за финансии (63,99%). Значителен дел е вложен и во удели на странски инвестициски фондови (28,70%), а купени се и удели во домашни инвестициони фондови во износ од 3,36% од вкупните средства. Останатите пари се побарувања (2,53%).

Вредноста на сметководствената единица на 31.12.2025 е 

134,621787

Движење на вредноста на сметководствената единица од основање на фондот

Да пресметаме зголемување / намалување на сметководствената единица

S- сума
p (мало) – процент
P (големо) – зголемување/ намалување на сумата

Ова значи дека сметководствената единица во 2025 се зголемила за 5,14% во однос на 2024.

Можеш ли да пресметаш зголемување/ намалување за 2024 во однос на 2023?

Резултат: зголемување од 9,93%

Можете да пресметате колку провизија имате платено низ годините?

NOTHING makes sense before COFFEE.

Ако содржината на веб странава ви помогна да разберете каде се вложуваат вашите средства за пензија и со кој принос и  ако се чувствувате особено дарежливи денес, би можеле: