Sakam Penzija

2026 New Year resolutions

Врз основа на објавените неревидирани извештаи за 2025 година за работењето на пензиските друштва и пензиските фондови, ја апдејтирав веб страната Сакам Пензија.

Ќе можете да видите колку добивка имаат остварено пензиските друштва за 2025, колку е номиналниот и релниот принос на пензиските фондови, колку средства менаџираат, која е структурата на нивните инвестициски портфолија, како и движењето на сметководствената единица.

However, во наредниот период  ќе се позанимаваме со следново:

1.

Висината на надоместокот за управување (0,03%) и надоместокот од придонеси (1,70%) кои, како пензиски осигуреници ги плаќаме на месечно ниво со секоја уплата

and this is not one of them

Надоместокот од управување не е намален од 2019 година, а од тој период до денес средствата со кои управуваат задолжителните пензиски фондови пораснаа од ЕУР 1.000.000.000 на ЕУР 2.700.000.000, поради што ставката Надоместок од управување од 2018 година е пораснат од вкупно ЕУР 4.440.000 (КБ – ЕУР 2.345.000; Сава – ЕУР 2.095.000) на вкупно ЕУР 10.818.000 за 2025 (КБ – ЕУР 5.250.000; Сава – ЕУР 4.710.000 и Триглав – ЕУР 858.000).

FYI- Надоместокот од управување е најголемата приходна ставка на пензиските друштва.

Point being – кој во име на 633.319 пензиски осигуреници во задолжителните пензиски фондови треба “to ask them nicely”, како што тоа го направи НБРМ со банките – да ги намалат провизиите?

Во меѓувреме и МАПАС ја намали провизијата што ја наплаќа од нив од 0,7% на 0,6%, КБ Прво пензиско издејствувале намалување на провизијата од страна на Шпаркасе – нивната банка чувар (0,024% од 3/10/2023; 0,022% од 3/10/2024; 0,020% од 03/10/2025; 0,018% од 3/10/2026; 0,016% од 3/10/2027 година), Сава Пензиско Друштво согласно извештаите од Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 29/01/2026 побарале одобрение за измена на договорот со чувар на имот НЛБ Банка АД Скопје).

2.

Содржината на

Зелениот плик

I hear you, missy

Зошто последниве години извештајот е сведен на известување за салдо, практично некој и да сака да се заинтересира, ќе му биде тешко да ја сфати логиката на движењето на уплатените придонеси.

Од аспект на UX дизајн, тоа е голем чекор назад, а од аспект на финансиска едукација- уште поголем.

Зошто надоместокот од придонеси од 1,70% е наведен во денарски износ, а надоместокот за управување од 0,03% не е наведен како износ во денари кој го плаќа осигуреникот, а е значајна ставка?

3.

Колку вкупно дивиденда е исплатена на нивните акционери во овие 20 години?

За сите што не поврзаа зошто во извештаите, а и сега на веб страната, информациите за акционерите се прикажани како торта- објаснувањето е дека ова е бонбона бизнис.

Сите што основале свој бизнис знаат дека добивање и задржување на клиентите е веројатно најбитниот елемент во одржување на истиот. Овде, со реформата од 2005 година пензиските друштва добија на тацна 130.000 осигуреници, а таа бројка во 2026 е нарасната на над 600.000. Соодветно нарасна и нивниот профит.

Music in the background

"Vigilante shit" - Taylor Swift

Ако содржините на веб страната ви помогнуваат за поголемо разбирање на пензискиот систем во Македонија, би можеле:

Today's good mood is sponsored by coffee