ВФП Пензиско друштво АД Скопје поднесе Барање до МАПАС за добивање дозвола за вршење на дејност – управување со задолжителни пензиски фондови.
Кон Барањето е доставена документација согласно одредбите од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и релевантната подзаконска регулатива.
Доставената документација опфаќа документи поврзани со друштвото, неговиот акционер, органите на управување, предложениот менаџерски тим, организациската структура и внатрешните акти на друштвото, како и документација поврзана со задолжителниот пензиски фонд и банката чувар на имот.
По приемот на Барањето и документацијата, МАПАС ќе ја спроведе соодветната постапка за разгледување и оценување на исполнетоста на законските и регулаторните услови, во рамките на своите законски надлежности.
Ако ја добие дозволата, ова ќе биде четврти задолжителен пензиски фонд, покрај веќе постоечките три- Сава пензиски фонд, КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и Триглав задолжителен пензиски фонд.
ВФП Пензиско друштво АД Скопје веќе управува со доброволен пензиски фонд, но за да ја зголеми базата на клиенти би можело да се одлучи за намалување на Надоместокот од придонеси и Надоместокот за управување, со што конечно би се создала конкуренција во овој сектор.
Ако не, looking forward to more of the same.
Ако содржините на веб страната ви помогнуваат за поголемо разбирање на пензискиот систем во Македонија, би можеле: