Re: Законско намалување на надоместоците кои пензиските осигуреници ги плаќаат на пензиските друштва
Нивниот одговор
On Thu, 2 Apr 2026 at 08:43, Vlado Georgiev <vlado.georgiev@mapas.mk> wrote:
Почитувана,
Агенцијата во континуитет ги анализира надоместоците и предлага нивни измени. На линкот Ви ја доставувам историјата на надоместоци наплатувани во вториот и третиот столб од пензискиот систем. https://mapas.mk/izveshtai-i-statistika/nadomestoci/
Во врска со Вашите прашања во продолжение доставувам одговор.
1. 1. Не е точно дека Агенцијата не предлага измени на надоместоците, табелите на линкот горе покажуваат бројни намалувања од почетокот на системот. Воедно, моменталните надоместоци се помали од законските, се надевам дека тоа доволно ја покажува вклученоста на Агенцијата на оваа тема.
2. 2. Ова прашање е исто како првото, самиот аргумент дека и со оваа измена на Законот се предложени намалувања на надоместоците укажува на заложбите на Агенцијата, Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и сите учесници во системот.
3. 3. Агенцијата во континуитет соработува со институции од други држави и ги анализира пензиските системи во земјите со сличен систем како нашиот. Во зависност од развојот и тековната состојба се предлагаат измени и подобрувања.
Ви благодариме за интересот.
My reply
From: Biljana J <biljana.obsg@gmail.com> 2 Apr 2026, 11:12 (3 days ago)
to Vlado, Remzi, Pranvera, Darko, Engin, Biljana, Tatjana, Biljana, Emilija, Contact, Snežana, Tatjana, Vesna.Stojanovska@kbprvo.com.mk, Ivan.Stojanovic@kbprvo.
com.mk, info@triglavpenzisko.mk
Почитувани,
вашите одговори се исто толку податни како и заедничката веб страна на пензиските друштва penzija.mk.
Гледам дека ви останав должна за екселот (не сум го ставила во прилог во минатиот мејл).
Сепак, the numbers paint a different picture.
П.С Го добив одговорот што очекував да го добијам, а се надевав дека нема.
Срдечно,Билјана
Re: Содржина на Зелениот плик
Нивниот одговор
On Thu, 2 Apr 2026 at 08:45, Vlado Georgiev <vlado.georgiev@mapas.mk> wrote:
Почитувана,
Од големо значење ни е Вашиот интерес и сугестиите за поголема финансиска едукација која може да се постигне со Зелениот плик. Сепак, како и во претходните дискусии на оваа тема, Ве молиме за трпение во однос на измените на овој Извештај.
Како што сте запознаени пред нас се законски измени за фондовите поврзани со животниот циклус на членовите (систем на мултифондови), кои суштински ќе дадат бројни подобрувања за сите членови. Ова неминовно води кон потребата за зголемена финансиска едукација и целосна преобразба на Зелениот плик, за чија измена треба и соодветна технологија и автоматизација.
Во однос на Акцискиот план за остварување на Стратегијата на Агенцијата, Ве информираме дека истиот во континуитет се остварува и секоја предвидена активност редовно се ревидира од страна на одговорните служби во Агенцијата.
Уште еднаш Ви благодариме за сугестиите.
Поздрав
My reply
From: Biljana J <biljana.obsg@gmail.com>Date: Fri, 3 Apr 2026, 13:37
Subject: Re: Содржина на Зелениот плик
To: Snezana.Stankovic@sava-penzisko.mk, Tatjana.Bojkovska@sava-penzisko.mk, Vesna.Stojanovska@kbprvo.com.mk, Ivan.Stojanovic@kbprvo.com.mk, info@triglavpenzisko. mk, contact@kbprvo.com.mk, kontakt@sava-penzisko.mk
Cc: Pranvera.Ajazi@mapas.mk, darko.sazdov@mapas.mk, engin.elmaz@mapas.mk, biljana.lozanovska@mapas.mk, tatjana.stefanovska@mapas.mk>, biljana. koteska@mapas.mk, emilija.ramova@mapas.mk, contact@mapas.mk, remzi.bajrami@mapas.mk, vlado.georgiev@mapas.mk
Почитувани членови на Уо на пензиските друштва,
Во однос на точката 1. Објавување на Надоместокот за управување не само како износ во процент (0,03% на месечно ниво), туку и како износ во МКД наведена во мејлов, би требало да ви биде јасно дека иако постапувате согласно пропишаниот Правилник за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови, сепак законите се над правилник.
Покрај Законот за потрошувачи, погледнет го повнимателно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување:
– член 3, точка 16(в)
– член 21 став (1)
– член 40 став (2)
– член 75 став (1)
– член 94 став (1)- ж
– глава XVI
Just a suggestion.
Убав викенд и срдечен поздрав, Билјана
My emotional reaction
Ако содржините на веб страната ви помогнуваат за поголемо разбирање на пензискиот систем во Македонија, би можеле: