Едно од основните правила на дизајнот е проценката за кого дизајнирате, која е таргет групата која би требалa да го сфати дизајнот и за која е наменет.
Зелениот плик has a life of its own. Скоро никој не го разбира, аnd yet, there it is. Секој март, последниве 20 години.
Во тие 20 години неговата содржина е сменета 2 пати.
Едната е т.н долга верзија на извештајот (можете да ја видите во делот Читање на индивидуалната сметка на веб страната на Сакам Пензија), а другата е пократка верзија која ја добиваме последниве неколку години.
Во зелениот плик ја добиваме нашата т.н индивидуална сметка која ни покажува колку средства имаме во заштедено за идната пензија. Нешто налик на трансакциска сметка во банка, со таа разлика што на трансакциската сметка се бележат сите приливи и одливи и сите провизии кои ги имате платено, дали за одржување на сметката, трансфери во други банки и сл.
Таму каде што се разликуваат трансакциската сметка во банка и индивидуалната сметка на идните пензионери во пензиски фонд – а не би требало – е што на индивидуалната сметка не можете точно да видите колку е износот во денари што сте го платиле за Надоместокот за управување. Во текстуалниот дел го пишува само износот на денари што сте го платиле по основ Надоместок од придонеси.
И двата надоместоци се наплаќаат од нашите уплати месечно т.е со секоја направена уплата. Колку повисока плата имате, толку се повисоки надоместоците што ги плаќате.
Надоместокот за управување на средствата изнесува 0,03% од секоја уплата. Тоа значи дека ако уплаќаме секој месец придонеси, на годишно ниво тој процент е 0,36%. Овој надоместок се одбива автоматски на ниво на цел фонд пред да се пресмета вредноста на нашите сметководствени единици (СЕ).
Но, износот на денари што сме го платиле како Надоместок за управување на нашите средства никаде не е наведен во содржината на Зелениот плик. Плаќаме надоместок, а да не знаеме колку изнесува.
Тоа што Народна Банка го направи со банките преку наметнување на правило за disclosure на сите трошоци поврзани со секој банкарски производ, МАПАС фејлна да го направи со пензиските друштва.
И кога ќе го видите износот на ставката Надоместок за управување во нивните биланси…ќе ви преседне чиа пудингот и тоа мача латето. Ова се однесува на ИТ професионалците бидејќи како бранша имаат највисоки плати.
Ова не е пост за приносите што пензиските друштва ги оствариле овие 20 години, ниту за инфлацијата, ниту ВИ и комплексноста на денешните финансиски пазари, законските правила за вложување.
Просто се работи за висината на провизиите што ги плаќаме, кои се посебно високи за портфолија кои се состојат 70% од домашни државни обврзници.
By the looks of it, со оглед на тоа колку сме платиле провизии последниве 20 години (ЕУР 137,000,000), дали сме eligible за словенечки пасоши со оглед на тоа што главните акционери на пензиските друштва се од Словенија? Or at least a Thank you note.
Ако содржините на веб страната ви помогнуваат за поголемо разбирање на пензискиот систем во Македонија, би можеле: