Хрватска игра и победува на светски првенства со нивните Ватрени во фудбал, Коцкастите во баскет, Паклените во ракомет, Баракудите во ватерполо, но со својата HANFA (Croatian Financial Services Supervisory Agency) игра и победува за идните пензионери веќе 20 години.
Хрватскиот закон содржи членови кои ги штитат правата на идните пензионери, а се однесуваат на:
1
Годишно законско намалување на надоместоците кои пензиските осигуреници ги плаќаат на пензиските друштва во период од 5 години. Влезната провизија (кореспондира со нашиот т.н Надоместок од придонеси од 1,70% на секоја уплата) почнувајќи од 2024 е веќе 0%, а надоместокот за управување се намалува секоја година за 0,01% и во 2029 година ќе изнесува 0,20%.
2
Постоење на поимите Загарантиран принос и Гарантен депозит
На секој член на пензиски фонд му се гарантира принос еднаков на референтниот принос на соодветната категорија пензиски фондови намален за одреден процент. Доколку просечниот годишен принос на пензискиот фонд во периодот од претходните три календарски години е помал од гарантираниот принос, пензиското друштво ја исплатува разликата на пензискиот фонд до гарантираниот принос од гарантниот депозит.
Владата назначува Независен член во Надзорен Одбор на пензиските друштва, чија основна функција е заштита на правата на идните пензионери
Законски задолжително издвојување на парични средства од профитот на пензиските друштва за финансиска писменост на населението.
5
Согласно важечкиот Закон за задолжителни пензиски фондови, секое пензиско друштво има право на надоместок чиј максимален износ достигнува 20% од вкупниот износ наплатен од сите пензиски друштва. Доколку во текот на годината некое пензиско друштво наплати надоместок што го надминува овој праг од 20%, тоа е должно да врати 55% од износот на прекумерно наплатениот надоместок за управување на Централниот регистар на осигуреници (REGOS), кој потоа ги распределува овие средства на сите задолжителни пензиски фондови пропорционално на големината на нивните средства.
Во мај 2025 година на членовите на пензиските фондови од вториот столб им беа вратени претходно наплатени надоместоци за управување во износ од скоро ЕУР 8 милиони.
Задолжителните пензиските фондови кај нас постојат веќе 20 години, законските решенија исто така. Но, ништо од горенаведеното не е препишано, поради што состојбата е следна:
Сакам Пензија ги постави овие забелешки на ЕНЕР во насока на подобрување на новото законско решение кое е во подготовка. Let’s see what happens!
Целосниот документ поставен на ЕНЕР, како и забелешките на останатите учесници можете да го преземете на нашиот Блог пост објавен на 20ти април, 2026.
Ако содржините на веб страната ви помогнуваат за поголемо разбирање на пензискиот систем во Македонија, би можеле: